„Курти ги претставува српските цркви како албанско наследство“

од Nikola Popovski
509 прегледи

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денес оценил дека премиерот на Косово, Албин Курти, не сака да ги штити српските цркви на таа територија, туку да ги претстави како „албанско наследство“.

„Опасно е што Албин Курти не зборува за потеклото, односно кој е сопственик на српското културно наследство во Косово, не ја споменува Српската православна црква или државата Србија, но ги гледа во контекст на албанската историја“, изјавил Петковиќ за РТС.

Тој истакнал дека станува збор за „лицемерие“ на Приштина и „измама“ на меѓународната заедница.

„Курти и Приштина сакаат да го претстават Косово како своевидна оаза на мирот, каде што Приштина е таа што треба да се грижи за српското наследство на Косово и Метохија“, вели Петковиќ.

Српските манастири, смета тој, мора да бидат под заштита на УНЕСКО.

Слични содржини