Фонсека: Го напуштам „Олимпико“, но секогаш ќе го носам Рим во моето срце

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, вчера се обрати пред медиумите за последен пат како тренер на Рома. Одамна е познато дека „волчицата“ нема да ја продолжи соработката со португалскиот стручњак, а на негово место ќе застане неговиот сонародник Жозе Мурињо.

Фонсека не можеше да не го спомене Един Џеко на последната прес-конференција и конфликтот со третиот стрелец во историјата на Рома, кого го деградираше, земајќи му ја капитенската лента и кого истовремено го испрати на трибините на „Олимпико“. Португалскиот тренер вели дека тоа е зад нив, што можеше да се забележи по натпреварот против Лацио од последното коло, кој Рома го доби на крилата на феноменалниот Џеко и со тоа славеше во римското дерби по три години чекање.

– Секој тим минува низ одредени турбуленции, а последниот натпревар на Џеко на дербито против Лацио покажа дека го решивме проблемот. Горд сум што имав можност да го тренирам овој тим затоа што научив многу. Го напуштам „Олимпико“, но секогаш ќе го носам Рим во моето срце. Одигравме многу мечеви и, она што е важно, е да оставиме избалансиран тим“, рече Фонсека во своето последно обраќање како тренер на Рома.

Фонсека пристигна во Рим во 2019 година по тригодишен ангажман на клупата на Шахтјор Доњецк. „Волчицата“ под негова палка има одиграно 101 натпревар под стручен штаб, а постигнат е резултат од 53 победи, 21 нерешени и 27 порази.

Слични содржини