МЗ: Ревакцинирани се вкупно 38.806 граѓани

од Nikola Popovski
265 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, дека вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

„Вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани, а прва доза вакцина примиле 4.123 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, велат од МЗ и додаваат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат, се додава во соопштението на МЗ.

Слични содржини