Макрон загуби облог, па направи хеви метал забава (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
613 прегледи

Милиони луѓе денес гледаа приватна хеви- метал свирка на францускиот претседател Емануел Макрон во градината на Елисејската палата во Париз, во друштво на двајца комичари, откако тој загуби облог.

Макрон вети во февруари дека ќе биде домаќин на Мекфлај и Карлит, двајца француски Јутјубери со 6,5 милиони следбеници, во Елисејската палата, доколку двајцата успеат да соберат повеќе од десет милиони прегледи на видео запис за социјална дистанца за време на пандемијата на Ковид-19, пренесе Ројтерс.

Мекфлај и Карлито го добија облогот и им беше дозволено да снимаат 36-минутно видео, кое утрово доби 2,7 милиони прегледи неколку часа по објавувањето.

Макрон и Јутјуберите разменија приказни за време на шоуто, кое завршува со прошетка низ дворот на Елисејската палата, каде што францускиот бенд „Ултра Вомит“ свиреше хард рок верзија на француската приспивна песна „Зелен глушец“.

Рејтингот на Макрон се зголеми за осум поени за лица на возраст меѓу 18 и 24 години во претходниот месец.