Роналдо на клупа во клучниот натпревар на Јувентус за пласман во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
182 прегледи

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ќе го започне мечот од последното коло во Серија „А“ од клупата, во која Јувентус мора да ја победи Болоња на гости, ако сака да има какви било шанси за пласман во Лигата на шампионите.

Оваа вест ја објави реномираниот италијански новинар Фабрицио Романо, кој забележува дека не е позната причината поради која Андреа Пирло ја донел оваа одлука.

Роналдо оваа сезона постигна 29 гола на 33 натпревари во лигата, што ќе му биде доволно за да биде најдобар стрелец, а Јувентус во моментов е на петтото место со еден бод помалку од Наполи и Милан.

За да се квалификува во Лигата на шампионите, тимот од Торино мора да победи, а Милан или Наполи да кикснат.