Конте: Титулата си ја посветувам на себе си!

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Антонио Конте го посвети освојувањето на Скудетото на самиот себе.

Што е логично… тренерот на Интер се бореше со огромна недоверба, честопати од шефот на „родениот“ клуб, недостаток на пари (без плата на „Меаца“ со месеци), негативно наследство и скоро една деценија владеење на Јувентус со италијанскиот фудбал.

Кога го прекина, почувствува потреба да си ги препише најголемите заслуги на себе си.

„На кого му ја посветувам титулата? Да бидам искрен, на себе! Свесен сум дека сè не беше лесно во изминатите две години. Морав да извадам се од себе. Во одредени моменти, сомнежите се зголемија, дури и кај мене, но јас надминав сè, па овој трофеј е показател за тоа колку навистина бевме добри. Дури и јас“, беше директен Конте за време на прославата на 19-тата титула на „нероазурите“.

Иако договорот предвидува тој да остане во Милано до следното лето, големо прашање е дали поранешниот стратег на Јувентус и Италија ќе остане на клупата. Токму поради нерасчистените односи во клубот.

Слични содржини