Идните ажурирања за Android ќе ги подобри перформансите на вашите телефони

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Qualcomm и Google објавија дека ажурирањата за Neural Networks API ќе бидат испратени заедно со ажурирања на Google Play Services. Едноставно кажано, ова значи дека корисниците повеќе нема да чекаат да се појават нови модели на телефони на пазарот за да ги искористат најновите подобрувања на системот.

Qualcomm ги наведува Google Assistant и Google Maps како примери на апликации што можат да станат „подобри, попаметни и поинтуитивни“ како резултат на овие ажурирања. Независни програмери кои го спроведуваат Neural Networks API можат да бидат сигурни дека повеќето нови телефони со Android (или оние со хардвер Snapdragon) ќе ја користат најновата верзија на платформата, пишува Android Police.

Qualcomm не прецизираше одреден датум за објавување на нови надградби, нагласувајќи само дека тоа ќе се случи подоцна во текот на годината, пренесе Benchmark.

Neural Networks API им овозможува на развивачите да применат некои од исклучително сложените делови на обработката на Neural Network на локалниот хардвер на Android, што во позадина овозможува подобрени перформанси на уредот.

Слични содржини