Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо не играше против Болоња, во решавачкиот натпревар на неговиот тим во борбата за Лигата на шампионите.
Неговото отсуство предизвика бројни шпекулации, а техничките причини беа земени како оправдување за таквата одлука.
На крајот, Јувентус сепак успеа да избори учество во најелитното европско натпреварување, благодарение на Верона, која му „одзеде бод“ на Наполи, и се спаси од финансиски колапс.
Искусниот Португалец, кој објави моменти од прославата на својот Инстаграм, се потруди да стави крај на шпекулациите што кружеа.
Роналдо објави и своја црно-бела фотографија со показалецот над носот, симбол на молк, со порака „До крај“.
Неговата објава собра повеќе од 6,5 милиони лајкови.