Случај Рашковски: Нов скандал за уште еден „патент“ од 105 илјади евра

од Берта Китинска
391 прегледи

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, купил уште еден систем, налик на свој изум за „биометриска идентификација“, овојпат во вредност од 105 000 евра, кои ниедна институција не ги користи, објави „360 степени”

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не се користел, а бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР, се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Софтверот веќе една година не е во употреба.

Рашковски поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма. По бројните критики во јавноста и неколкуте случаи коишто беа отворени за него, тој во својота неотповиклива оставка вели дека се повлекува за да го зачува достоинството и интегритетот.

Освен за овој случај, во јавноста имаше бројни реакции и за набавката за радарските системи од италијанската фирма Леонардо, како и за неговата имотна состојба.

Слични содржини