Џеј Ло и Бен Афлек повторно „уловени“ заедно (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Обновената љубовна врска помеѓу пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се чини дека е во полн ек. Славната двојка го користи секој слободен момент да биде заедно, а дежурните папараци ги следат на секој чекор и ги снимаат нивните заеднички појавувања.

Овие денови Бен пристигна во Јужна Флорида за да ѝ се придружи на Џенифер, а фотографите ги сликаа на балконот од вилата каде што престојуваат. Пејачката се забавуваше правејќи заводливо селфи, а актерот го следеше секој нејзин чекор и не можеше да ги тргне погледите од неа.

Веста за нивната врска ја изненади јавноста бидејќи ништо не сугерираше дека поранешните вереници може да се смират откако ја раскинаа веридбата пред 17 години, и тоа откако Џенифер раскина со Алекс Родригез.

Бен и Џенифер ја започнаа својата врска во 2002 година, наскоро се верија и требаше да се венчаат во март 2003 година, но раскинаа на почетокот на 2004 година.

Слични содржини