17.005 граѓани останале невработени за време на ковид-кризата

од Nikola Popovski
287 прегледи

„Со состојба до 30-ти април 2021 година, во АВРМ се евидентирани 17.005 невработени лица, за кои одјавата од задолжителното осигурување е регистрирано во периодот после 11-ти март 2020 година, односно во време на ковид-кризата“, изјави директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири на прес-конференција.

Според него, за мерката „Самовработување“ аплицирале 2523 лица, што е поголем број од предвидените 1762, кои што ќе бидат доделени.

„Со реобјавување на огласот, ние им даваме можност и на другите лица да учествуваат во програмата“, додава Демири.

Слични содржини