Во голем број ситуации, раскинувањето е правилна одлука, а позитивните работи што ве очекуваат потоа ќе го отстранат целиот стрес што ви го донела проблематичната врска.
Ако штотуку сте раскинале со (некогаш) сакана личност и мислите дека животот ви се распаѓа, обрнете внимание на позитивните работи што следат.
Раскинувањето ве учи да го следите вашето чувство
Вашата потсвест и интуиција се оние што никогаш нема да ве изневерат. Тие добиваат „импулси“ кои сè уште не го достигнале вашиот свесен дел од умот. Значи, ако вашиот инстинкт ви каже дека раскинувањето е исправно, дури и ако на почетокот ви изгледа болно, слушајте го.
Излегувањето од зоната на удобност ви отвора нови можности
Ако сте во врска која тапка во место, веројатно пропуштате можност да бидете навистина среќни со некој друг. Ако сте задоволни со просекот, никогаш нема да знаете дали можете да направите повеќе. Прекинувањето на долга врска што не функционира ќе има ослободувачки ефект врз вашиот ум, а излегувањето од вашата зона на удобност ќе ви отвори нови погледи.
Вие сте на прагот да ја пронајдете личноста која е идеална за вас
Ако личноста со која сте биле во врска ве спречила на кој било начин да бидете тоа што сте, кога ќе раскинете, имате шанса да запознаете некој што ќе ви овозможи навистина да блеснете и да бидете свои. Дали навистина сакате да бидете нешто помалку од најдобрата верзија за себе со некој што го сакате?