Кремљ за замена на знамето на Белорусија: Фрапантен настан (ФОТО)

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков смета дека е фрапантна ситуацијата со замена на државното знаме на Белорусија за време на светскиот шампионат во хокеј во главниот град на Летонија.

„Видовме дека белоруското знаме е заменето со она што не го претставува знамето на Белорусија. Се разбира, тоа е прилично фрапантен настан“, рече тој.

За таа ситуација коментираше и рускиот сенатор Алексеј Пушков. Како што рече, инцидентите, кои се засноваат на политички одлуки, можат да доведат до непоправливи последици врз професионалниот спорт.

Инаку наместо знамето на Белорусија, властите на Рига го закачија „бело-црвено-белото“ знаме на опозицијата. Како одговор, Минск ги протера летонскиот амбасадор и сите дипломати. „Спортот наскоро ќе умре под притисок на политичките игри“, изјави Пушков.

Министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеи, објави дека поради инцидентот со државното знаме на Белорусија во Рига, амбасадорот на Летонија и други соработници на амбасадата се протерани. Министерството за надворешни работи на Летонија изјави дека државата ќе преземе реципрочни мерки како одговор на потезите на Минск.

Претходно, градоначалникот на градот, Мартинс Сакис, објави дека го замениле државното знаме на Белорусија со неофицијалното знаме на опозицијата на улицата Бривибас во центарот на Рига.

Слични содржини