441
Бугарскиот новинар, Боико Василев во своето гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 истакна дека привремениот премиер на Република Бугарија, Стефан Јанев, не може да ја промени позицијата кој Република Северна Македонија.
-Беше очекувано тоа што новиот бугарски премиер Јанев го кажа, а имено нема да може да има промени во бугарската позиција, прво тоа е привремена влада, второ нема парламент и трето има позиција на бугарскиот парламент од 2019 година и од таа гледна точка, имајќи ги во предвид сите овие работи премиерот Јанев беше категоричен дека Бугарија не може да ја промени својата позиција, истакна Василев.