Ѕвезда од „Вовед во анатомија“ во новото продолжение на „Сексот и градот“

од Stefanija Kuzmanovska
435 прегледи

Американската ТВ-серија „Сексот и градот“ остана без Саманта Џонс, но доби родово неутрален лик, во новите 10 епизоди од новата приказна со наслов And Just Like That…

Ликот со име Че Дијаз го глуми глумицата Сара Рамирез, којашто гледачите ја помнат како д-р Кали Торес од „Вовед во анатомија“. Таа родово неутрална личност, Кери, Миранда и Шарлот ќе ја дефинираат како „тие/нив“, според новите правила во англискиот јазик.

Темата на пандемијата Ковид-19 исто така, ќе биде дел од заплетот, открива Сара Џесика Паркер, која не само што ја има главната улога, туку овојпат е и продуцентка на серијата.

Што се однесува до тоа дека Ким Катрал нема повторно да биде во улогата на Саманта, се вели дека нема да има замена за фамозната хероина.

 

Слични содржини