Лукашенко за инцидентот со „Рајанер“: Направив се во рамките на законот, ги штитев луѓето

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека сè што сторил во врска со инцидентот со „Рајанер“ е во рамките на законот, според меѓународните правила, и дека тоа го сторил со цел да заштити човечки животи.

„Постапував во рамките на законот, заштитувајќи ги луѓето, во согласност со сите меѓународни правила. Ние го пренасочивме авионот во близина на нуклеарната централа. Што ако го пренесевме целиот нуклеарен систем во полноправен режим на борбена готовност?“, рече тој, цитиран од Спутник.

Тој исто така рече дека екипажот на авионот „Рајанер“ бил во контакт со аеродромот во Вилнус, но сепак решил да слета во Минск.

Слични содржини