443
Трансродовиот актер Елиот Пејџ (34) позираше во костими за капење само два месеци откако беше подложен на операција за отстранување на градите.
Ѕвездата на филмот „Јуно“ ја сподели својата среќа со своите следбеници на Инстаграм откако за првпат носеше само долен костим за капење. Елиот покажа завидна фигура на фотографијата, а се гледаа и лузните од операцијата.
– Првиот транс костим за капење – напиша во објава со хаштазите #transjoy и #transbeautiful.
Тој доби многу пораки за поддршка во коментарите, а меѓу нив имаше и бројни холивудски sвезди како Мајли Сајрус, Нина Добрев и Џастин Корнвел.