„Ја следиме политиката на ЕУ“: Црна Гора воведува санкции кон Белорусија поради апсењето на новинарот

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, изјави за „Радио Слободна Европа“ дека Црна Гора ќе ја следи надворешната политика на Европската унија (ЕУ) кога станува збор за нови санкции против Белорусија, поради апсењето на новинарот и активист Роман Проташевиќ.

По разговорите со претседавачот на ОБСЕ и шведската министерка за надворешни работи Ен Линд, црногорскиот министер за надворешни работи рече дека очекува покана за Црна Гора за пристап на санкциите на ЕУ наскоро, што би го сторила.

– Ситуацијата во Белорусија не е нешто што ја загрижува само Европската унија, туку и ОБСЕ и многу наши партнери. Како и досега, ќе ја следиме политиката на санкции на ЕУ, иако некои одлуки досега беа тешки за нас, пред се за нашата економија. Но, кога ќе пристигне поканата Црна Гора да се приклучи со ограничувачки мерки, ние ќе се приклучиме – рече Радуловиќ.

Да потсетиме, ЕУ објави дека ќе воведе санкции за Белорусија поради присилното слетување на авионот што леташе на релација Атина-Вилнус во Минск по лажната дојава за бомбата и апсењето на новинарот Проташевиќ и неговата девојка Софија Сапега.

Слични содржини