Барди позитивен на Ковид-19, Ангеловски порача дека не одат безнегово Букурешт

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Репрезентативецот Енис Барди доби позитивен тест на Ковид-19 и се наоѓа во изолација во тимската база на македонската А репрезентација. Нашиот репрезентативец е без симптоми и во добра здравствена состојба.

Фудбалерот на шпански Леванте при доаѓање на собирот на А репрезентацијата ги почитуваше мерките и здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, како и сите останати фудбалери и членови на репрезентацијата и немаше контакт со тимските колеги и лицата од стручниот штаб.

– Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19. Важно е да се напомене дека пред почетокот на собирот на репрезентацијата беа почитувани и запазени сите протоколи согласно УЕФА здравствените регулативи се со цел да се избегне контакт со останатите фудбалери и членови на репрезентацијата. Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика, изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим во А македонската репрезентација.

Селекторот Игор Ангеловски по оваа нова вест се огласи на социјалните мрежи каде му испрати јасна порака со поддршка на фудбалерот на Леванте.

-Сите сме со тебе Енис Барди. Без тебе не тргнуваме за Букурешт – порача Ангеловски.

Слични содржини