Над 425 илјади граѓани изразиле желба за вакцинација

од Nikola Popovski
198 прегледи

Од Министерството за здравство соопштуваат дека досега вкупно се аплицирани 278.619 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани.

„Вчера вкупно се вакцинирале 11.104 граѓани, прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани, а бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 425. 422 граѓани“, соопштуваат од Министерството.

Според нив, со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Во текот на вчерашниот ден почна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијагнози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична фиброза“, соопшти Министерството за здравство.

Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори.

Слични содржини