Состанок Путин-Лукашенко: Откриена една од темите на утрешниот разговор

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин утре во разговор со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко ќе го покрене прашањето за руската државјанка Софија Сапега, партнерка на белорускиот опозиционер Роман Проташевич, кој беше уапсен во Минск, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изрази уверување дека Лукашенко ќе го извести Путин за инцидентот кога авионот на „Рајанер“ беше пренасочен и присилно слета во Минск, по што беа уапсени Проташевич и Сапега, пренесува Тасс.

„Веројатно ќе се постави прашањето за руската државјанка која е во притвор“, рече Песков.

Песков претходно изјави дека средбата меѓу Путин и Лукашенко е планирана пред инцидентот со авионот на „Рајанер“, кој слета во Минск поради наводна закана од бомба.

Меѓу патниците бил и Роман Проташевич, еден од основачите на каналот „Некст телеграм“, кој во Белорусија се смета за екстремистички и кој бил приведен во Минск по слетувањето на авионот.

Поради овој настан, лидерите на ЕУ најавија нови санкции против Белорусија.

Слични содржини