Богојески со реакција на тужбата: Целата кампања на терористите е насочена кон мене и Македонски концепт

од Vladimir Zorba
274 прегледи

„Криминално – џихадистичка група, по нарачка на газдите од странство кои ги финансираат, започнаа со акција за ширење на верска и национална омраза во Македонија! Како повод ја користат „Палестина“, а во суштина имаат цели и задачи во Македонија! “, реагира промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески по тужбата поднесена до МВР против него од страна на неколку здруженија за ширење на говор на омраза.

„После неуспешен обид да се вмешаат Албанците и Ромите во таа акција, фокусот е сега ставен на Бошњаците муслимани. Се форсира тезата дека некој сака да ги загрози нивните граѓански права и се создава лажно чувство на нетрпеливост, со цел да бидат злоупотребени поединци во активности на таа криминално – џихадистичка келија од Скопје!

Целата кампања на терористите е насочена кон мене и Македонски концепт, поради нашите политички ставови за секуларна граѓанска држава на сите граѓани, вклучително и Бошњаците! Тие сакаат Македонија да ја претворат во џамахирија, а Скопје во Бејрут!

Нема да им дозволиме.

Ги реафирмирам политиките на МКонцепт кон Бошњаците, но и кон сите граѓани, без разлика на верска или етничка припадност.

Се залагаме за босанскиот јазик да биде во службена употреба во МК.
Бошњаците се рамноправни граѓани на МК и исклучително значајни активисти во нашиот МКонцепт!

Јас бев единствен христијан присутен на прославата на Ден на Бошњаците во Скопје, со порака за полно почитување и заедничко политичко организирање! И оваа година ако бидам поканет, ќе присуствувам со задоволство и чист образ!
Благодарам на десетиците пријатели Бошњаци кои се јавија со поддршка, свесни за обидот за злоупотреба на нивната етничка заедница од криминално – терористичката келија, со уверување да продолжиме заедно да ја градиме современа, европска, граѓанска, секуларна Република Македонија! Онака како ја замислуваме во МКонцепт!

П.с. Најчесто се користи исечок од слика од мој коментар на наводен “Бошњак”, на кого јас наводно му се заканувам со геноцид, силовања, убиства…

Станува збор за коментар на закана од “лице” дека ќе убива каури, ќе исламизира и силова деца и жени, ќе создава Калифат во Европа… прашањето од мене е дали не беше доволно во минатото… во деведесеттите… дали ум не им доаѓа со такви повици и дали сакаат пак да ни се вратат војните на Балкан?!?

Овој коментар се дава само во делот на моите прашања и се користи за создавање на нетрпеливост помеѓу христијани и муслимани во земјава! Како доказ дека некој повикува на линч на Бошњаците!

Ова се познати терористички методи, кои треба да бидат контролирани од страна на Министерство за внатрешни работи и АНБ!

Во иднина доколку ни дадете доверба и доколку гласате за МКонцепт, согласно Закон за заштита на државата ќе спроведеме Акција “Челична метла” и овие криминално – џихадистичко – терористички банди нема да постојат во нашата Република!

Македонија е на сите нас! Да ја сочуваме каква што сите ја сакаме!“, се вели, меѓудругото, во реакцијата на Богојески.

Слични содржини