306
Епидемиолошки, паѓањето на бројките на починати е со задоцнување од паѓањето на новозаболени , кажа денеска заменик-минисерот за здравство Илир Хасани.Тој смета дека тоа се должи поради тоа што во болниците останале најтешките случаи со пролонгирана болест.
-Сега во моментот во болниците се најтешко болните, тие кои имаат пролонгирана болест и тие се изложени на голем процент на смртност. Генерално, мислам дека се очекувани бројките на починати да се намалуваат за две до три, можеби и четири недели од намалувањето на бројката на новозаболени, рече Хасани.
Заменик-минисерот за здравство изрази надеж дека од следната недела ќе има олеснување на мерките.