Ѓукановиќ за Кривокапиќ: Функцијата неизбежно му се лизга од рацете

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денес го повика премиерот Здравко Кривокапиќ да се концентрира на функцијата што ја извршува, а која, како што рече, неминовно му се лизга од рацете.

Ѓукановиќ го изјави тоа, реагирајќи на изјавата на Кривокапиќ во парламентот дека претседателот го вратил законот за обвинителство на повторно одлучување „од страв да не биде првиот што ќе биде гонет“, пренесува Танјуг.

Црногорскиот претседател вели дека е крајно време Кривокапиќ, наместо празни закани испратени на недостоен начин во законодавниот дом на Црна Гора, конечно да одговори на прашањата поставени од пратениците.

Слични содржини