382
Јас јавно ги фрлам ракавиците, Мементо парк е моја идеја каде би се направила дислокација на спомениците од 2014. Ние го отстранивме Ќосето и засадивме дрво на човековите права, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Вин Вин“ на Телма.
-Социолошкиот феномен на груевизмот постои. Со Груевски се справивме, но навиките и очекувањата се уште постојат.Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отстраниме споменикот Мајка Тереза. Совршено ништо. Ако постојат субјективни стравови кај определени луѓе за носење одлука која треба да се потпише подготвен сум да донесам Закон за да се отстрани „Скопје 2014“, вели Шилегов.