САД нема повторно да се приклучат на Договорот за отворено небо

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Соединетите држави ја известија Русија дека нема повторно да се приклучат на Договорот за отворено небо, како резултат на што ќе остане во сила само еден пакт меѓу Вашингтон и Москва за контрола на оружјето, пренесува „Бета“.

Договорот, кој дозволуваше летови за надзор на воените објекти во двете земји, беше напуштен од САД во ноември минатата година, за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Трамп не стори ништо за продолжување на единствениот преостанат договор за контрола на оружјето со Русија, познат како Нов СТАРТ, но администрацијата на претседателот Џо Бајден се согласи на петгодишно продолжување со Москва непосредно по стапувањето на должноста и започна разгледување на одлуката за повлекување од Договорот за отворено небо.

Официјални лица изјавија дека ревизијата е завршена и дека американскиот заменик државен секретар Венди Шерман го известил рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков дека Вашингтон нема повторно да се приклучи на Договорот за отворено небо.

Слични содржини