„Фејсбук“ повеќе нема да ги отстранува објавите дека ковид е создаден во лабораторија

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

„Фејсбук“ повеќе нема да забранува објавување на теории во кои се тврди дека ковид-19 е намерно создаден, во време кога во САД повторно се дискутира за хипотезата дека вирусот избегал од лабораторија во Кина, пренесува „Хина“.

„Во светло на тековните истраги за потеклото на ковид 19 и во договор со здравствени експерти, ние повеќе нема да ги отстрануваме од нашите платформи објавите дека ковид 19 е создаден од човек и дека е произведен“, истакна во средата групата со седиште во Калифорнија на својата веб-страница.

Оваа социјална мрежа, која ја користат околу 3,45 милијарди луѓе, на барем една од нејзините четири платформи (Фејсбук, Инстаграм, Месинџер, ВатсАп) дејствува спротивно на претходните правила за дезинформации во времето на ковид 19, кои беа ажурирани во февруари.

Слични содржини