Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на шега вети дека ќе го приземји авионот на американскиот лидер Џо Бајден, доколку одлучи да дојде во Минск на разговорите со Владимир Путин.

Лукашенко ги покани претседателите на Русија и САД на самитот во Белорусија и додаде:

– Ќе ги дочекам и двајцата како што доликува, ќе ги разгледаме сите проблеми.

Да се знае со кого имаат работа

Во видеото од обраќањето на белорускиот лидер, кое го објави телеграм каналот „ОНТ Њуз“, Лукашенко исто така раскажа како Бајден морало да се правда пред Путин во телефонски разговор за Белорусија.

Лукашенко исто така изјави дека рускиот лидер со задоволство ќе дојде на самитот во Минск.

– А можеби ќе ризикува (и Бајден). Па едноставно можеме да го спуштиме неговиот авион. Имаме писта, две писти, може да слета на која било од нив – се пошегува Лукашенко.

Продолжувајќи во истиот стил, белорускиот лидер рече дека е подготвен да крене ловци за придружба на американскиот претседателски авион од границата со Полска.

– Ќе испратиме три авиони: два странично и еден во опашката. Од безбедносни причини, можеме да додадеме и еден подолу. Значи, дури и ако некој има преносен ракетен фрлач, нашиот ловец ќе го придружува авионот директно до пистата. Затоа – повелете, ве чекаме во Белорусија – рече Лукашенко.

Слични содржини