Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, денеска сведочеше пред Судот во врска со настаните во Собранието на 27 април 2017 година
Ристовски посочи дека во делот од исказот на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува на него е невистинит.
–На денот на настанот не сум комуницирал, ниту пак сум го сретнал во просторите на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврди. Во тој период немав никаква партиска функција, не сум имал никаков контакт со структурите на партијата, изјави Ристовски.
Тој спомена дека дента на 27 април, како што наведе, извршувал приватни работи, односно одреден период бил во Министерството за образование.
– Го чекав Земри Ќамили за да одиме во посета на поранешниот министер за образование Абдилаќим Адеми. Во тој период почнаа настаните во Собранието. За цел тој период бев во партијата, ситуацијата беше хаотична, рече Ристовски.
Toj вели дека е чудно и несфатливо како го поврзале со случајот и дека освен со обвинетиот Миле Јанакиески, за кој рече дека имал приватна комуникација, со другите обвинети Ристовски, посочи дека имал исклучителен службен контакт.