„Движење за демократија права и слобода“, нова партија на политичката сцена

од Берта Китинска
217 прегледи

Движење за демократија права и слобода (ДПС) e новата партија на политичката сцена во земјава, која пред неколку дена одржа основачко собрание во Битола.

На основачкото собрание, за претседател на ДПС е избран граѓанскиот активист Един Јакуповиќ.

Како што соопштуваат од новата партија, членовите на ДПС, главно, се без претходен политички ангажман, кои, како што се наведува, ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.

Развој и просперитет на независна и суверена Република Северна Македонија, членство во ЕУ, градење граѓанско, демократско, плуралистичко општество, во кое ќе се почитуваат човековите права и ќе владее правото и правната држава, почитување на културата и специфичностите на граѓаните, нивните еднакви права и одговорности, почитување на верските слободи и правото на слободен избор на вероисповед, рамноправност меѓу половите и заедниците, заштита на правата на медиумите… се некои од програмските определби на новата партија, како што соопштија нејзините основачи.

Слични содржини