Македонските државјани кои се вакцинирале во соседна Србија наскоро ќе имаат можност да се пријават на нов сајт кој ќе го носи името „ревакцинација“, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Граѓаните над 60 години ќе можат да се ревакцинираат со вакцината на АстраЗенека и во С. Македонија, а останатите тоа можат да го сторат во Србија, со тоа што ќе им биде признаен сертификатот и преку QR ќе можат да ги внесат податоците во македонскиот „зелен пасош“, изјави министерот.