Две милиони дози од вакцината на „Фајзер“ би можеле да завршат во отпад

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Додека некои земји се борат да добијат доза повеќе, во Хонг Конг, близу два милиони дози на вакцината на Фајзер-БиоНТек против коронавирус можат да завршат во отпад, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во посебниот кинески административен регион Хонг Конг, кој има повеќе од доволно дози за своето население, вакцинирани се помалку од 20 проценти од вкупното население, бидејќи граѓаните не сакаат да се вакцинираат, пренесува Би-Би-Си.

Властите предупредија дека на близу два милиони дози на вакцините на Фајзер-БиоНТек рокот ќе истече за три месеци и дека значителен дел од тие дози ќе завршат во отпад.

Досега се вакцинирани само една третина од вработените во здравствениот сектор во Хонг Конг.

Слични содржини