Шефот на дипломатијата Бујар Османи, во денешното гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24 вели дека ќе мора да се направи исчекор во односите помеѓу Бугарија и С. Македонија.
– Ова патување во Ватикан беше важно парче од мозаикот за враќање на довербата помеѓу двете држави, кои што очигледно беше изгувена во последните година и пол. На тој начин ќе можеме да разговараме отворено и да се обидеме да ги надминеме разликите. Не велам дека тоа беше клучниот состанок на кој се решија или ќе се решат сите разлики, меѓу тоа беше една важно парче од враќањето на довербата, вели Османи
Тој додаде дека комуникацијата помеѓу двете земји се нормализира и очекува напредок во преговорите.
– Гледам повеќе нормалност во комуникацијата помеѓу нашите две страни, гледам повеќе разбирање дека овој процес мора да се затвори што побрзо. Алармот е подигнат насекаде дека одложувањето стига веќе до критичната точка на прекршување. Не само во нашите односи, не само во внатрешните процеси, туку и во регионалната динамика. Очигледно ќе мора да се направи исчекор, а јас го гледам јуни како пошироката можност или поширокиот прозорец во наредните две години, плашејќи се дека наредните прозорци ќе бидаат уште повеќе покомплицирани, додаде Османи