Градот Скопје се уште останува нем на барањата на сите навивачи на фудбалскиот клуб „Вардар“ за преземање и спасување на клубот, вели денеска Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фудбалерите на ФК „Вардар” за неполн месец треба да ги започнат подготовките, а се уште ништо во клубот не е решено.
Го повикувам, но и воедно како поранешен член на клубот го замолувам Петре Шилегов конечно да ги тргне суетата и егото на страна, и прашањето за ФК „Вардар” да не биде предмет на политичка дебата за време на кампањата која што и претстои на локалните избори. Туку заедно и ВМРО и СДСМ и сите останати советници и политички партии го одлучат ова прашање пред локалните избори. Односно да го решат одма и веднаш.
И „Вардар” да ги започне подготовките со финансиски средства кои што ќе бидат обезбедени. За тоа потребно е Петре Шилегов да го повика Советот да донесат одлука за враќање на клубот повторно во Градот Скопје и нормално да се потпише договор со сегашниот сопственик тој да си го сервисира долгот кој што го направил“, вели Нелоски.