Јовановиќ: Животот на Тони Сали му беше насилно прекинат, но ние никогаш да не го заборавиме

од Берта Китинска
610 прегледи

Откако вечера во јавноста се појави информацијата дека 19 годишниот матурант Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени, почина со свој коментар на социјалните мрежи излезе и  проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. кој напиша:

-Тони Сали. Сиромашното момче од Шуто Оризари, на кое државата 10 години не сакаше да му издаде матичен, извод и здравствена книшка. И на крај го уби. А тој ѝ пркосеше, горделиво, со крената глава, како на сликава. И беше одличен ученик, со сите петки и награди од натпревари. Животот му беше насилно прекинат, како зборот “живот” на сликава, но ние никогаш да не го заборавиме. ТОНИ САЛИ. И поради неговата тажна судбина, но и како потсетник дека на Македонија не ѝ е гајле за сиромашните, ма колку и да се паметни. И дека полека, но сигурно, системски ги убива, напиша Јовановиќ.

Слични содржини