„ВМРО-ДПМНЕ ги релативизира настаните од 27 април и така ја шири пропагандата. Затоа 5 години подоцна не можеме да се договориме што точно се случило на 27 и тоа е нешто што ќе не осуди да го повториме, не дај Боже, за 5, 10 или 15 години“ кажа поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски на емисијата „Стадион“ на Канал 77.
„Фактот дека се уште се расправаме што се случило, не спречува да го апсолвираме тоа, да го ставиме зад нас и да се осигураме дека нема да се случи повеќе“ кажа Богоевски.
Во дискусија со Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Богоевски кажа дека тој како организатор на протестите точно знаел каков ефект имаат неговите зборови и која е неговата одговорност како организатор на протестите.
Поранешниот пратеник на СДСМ истакна дека Илиевски, познат како Бетмен велит, бил доста свесен за својата улога на 27 април.
„Дури и вие да не сте го предводеле или иницирале влезот во Собранието, што направивте за да го спречите? Ја ангажиравте редарската служба, која мора да ја имате согласно закон? Откако се појавија првите знаци дека луѓе сакаат да влезат во Собранието, што направивте вие? Вода им носеше. Ништо не направивте. Ги спроведувавте инструкциите на вашиот шеф, сега веќе храбриот бегалец Никола Греувски“ кажа Богоевски обраќајќи се до Илиевски.