Стивен Сигал доби партиска книшка: Стана „руски патриот“

од Nikola Popovski
411 прегледи

Американскиот актер Стивен Сигал (69), долгогодишен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин, се приклучи на една партија блиска до Кремљ, партијата „Само Русија – Патриоти – За вистината“, од каде соопштиле денес.

Сигал, мајстор за источно-боречки вештини и актер во многу акциони филмови, како и музичар и активист за животна средина, добил партиска книшка, а во саботата било објавено видео од членството, објави Ројтерс.

Новата руска партија во која тој стана член се формирала на почетокот на оваа година, кога три левичарски партии кои го поддржуваат Путин се споиле во една.

Сигал, кој доби руско државјанство во 2016 година, предложи акција против компании што ѝ штетат на животната средина.

„Без можност за апсење на луѓе, ако само ги казнуваме финансиски, тие ќе заработат дури и повеќе пари со тоа што го прават досега – уништување на животната средина“, рекол Сигал во својот прв говор како член на партијата.

Партијата, чиј лидер е добро познатиот писател Захар Пилепин, ја контролира групата во Државната дума и планира да учествува на парламентарните избори во септември.

Сигал е назначен за специјален претставник на Министерството за надворешни работи за прашања на руско-американските хуманитарни односи.

Тој ја посети Венецуела во мај и му го предаде самурајскиот меч на левичарскиот претседател на таа јужноамериканска земја, Николас Мадуро.

Слични содржини