Богојески: Тодевска и Јанева не направија смртен грев со грешките при интонирањето на химната

од Nikola Popovski
683 прегледи

Принципиелно, како што мислев дека Тамара Тодевска не направи смртен грев, исто мислам дека и Нина Јанева тоа не го направи, објави претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, откако поп пејачката Нина Јанева Николовски, која вчера за време на протестот за слобода на осудените за нападот во Собранието, направи грешка при интонирањето на химната.

Според него, и двете се толку културни, што искрено се извинија на нацијата.

„Извинувањето се прифаќа! И двете да се живи и здрави и да ни ја испеат нашата химна уште многу години! П.С. хејтерите за Тамара не ги забележувам денес толку да рипаат, ама сега овие другиве нема потреба да бидете како нив!“, стои во постот на Богојески.

Јанева заборавила да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ .

Ова е втор ваков настан, откако во 2019 година на прием во Американската амбасада, пејачката Тамара Тодевска повторно ја направи истата грешка, по што беше ставена на јавен линч.

Слични содржини