Нема починати од Ковид-19 во Косово во последното деноноќие

од Nikola Popovski
149 прегледи

Според Институтот за јавно здравје во Приштина, во последните 24 часа се регистрирани 23 нови случаи на коронавирус на Косово и Метохија, а убавата вест е што нема починати.

Тестирани се 2.120 лица, пренесува „Косово онлајн“. Од почетокот на пандемијата во Косово и Метохија, регистрирани се 107.405 случаи на Ковид-19, а бројот на смртни случаи изнесува 2.243 лица.

Во последните 24 часа оздравеле 130 пациенти, а вкупниот број 102.782. Во моментов има 2.380 активни случаи на коронавирус.

Фото: N1

Слични содржини