208
Денеска на армискиот полигон „Криволак“,беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.
„Врвна организација, извонреден терен, високо обучени армиски сили, способност, дисциплина и одговорност на највисоко ниво. Пешадиските и специјалните единици на Армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија покажаа дека дејствуваат како едно! Честитки до целиот тим кој ја организираше вежбата „Одлучен удар 21“ и до сојузничките сили кои ја спроведоа. Видовме на дело што значи кога НАТО сојузниците велат – заедно сме посилни!“, кажа министерката за одбрана Радмила Шекеринска.