Од Министерството за здравство соопштија дека две малолетни девојчиња се повредени на роденденска забава во двор на угостителски објект во селото Борисово, откако врз нив паднала лулашка.
Според информациите, вчера околу 18.30 часот во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека во двор на угостителски објект во с.Борисово, струмичко, двете малолетнички се здобиле со повреди.
Потоа тие биле пренесени во Општата болница Струмица каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител.