Градоначалничката на Арачиново лута: Несовесни граѓани ја украдоа пумпата за вода во Мојанце

од Берта Китинска
378 прегледи

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, преку својот  Фејсбук информираше дека се случила кражба во Мојанци, при што е предизвикана голема материјална штета.

„Неодамна непознати луѓе направија незамислива и многу сериозна штета. Во селото Мојанци на местото каде се реализираше проектот за водоснабдување беше украдена единствената пумпа за вода од бунарот број 2, по првата кражба каде пумпите беа ограбени. Сторителите на овие дејства им нанеле голема и ненадоместлива штета на граѓаните, семејствата, заедницата и општината како целина, а исто така и на самите себе.  Од тука ви велам дека вие, бескрупулозните лица, ќе бидете срамота на Арачиново и исто така апелираме до сите да бидете свесни и да го ставите прстот на главата како можете да придонесете за развој и подобрување на социјалните услови и да не го уништувате општеството и идните генерации со вакви вандалски дела “, пишува Халими.

Слични содржини