Смртна закана за Вучиќ на Инстаграм (ФОТО)

од Nikola Popovski
258 прегледи

Лице кое го бара српската полиција и за кое било распишана потерница преку Инстаграм упатило закани до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој во коментар на објавата на неговиот профил, „avucic“ се заканил дека ќе го убие.

Како што дознаваат српските медиуми, станува збор за П.Г., лице кое е во бегство и по кое е распишана потерница. Тој бил сторител на повеќе кривични дела како што се илегална трговија со дрога, тешка кражба и уште неколку кривични дела.