Германската служба за контрола на летање одби да дозволи летови на два руски авиона S7, беше објавено од седиштето на руската компанија.
„Летовите на нашите авиони на релација Москва-Берлин и на релација Берлин-Москва се откажани, бидејќи германските власти не дадоа одобрување“, се наведува во соопштението на S7, пренесува ТАСС.
На сите патници на откажаните летови ќе им бидат исплатени надоместоците, потврди руската компанија S7.