227
Индиски вид коронавирус е откриен во Хрватска, изјави Ивана Пем Новосел од Хрватскиот институт за јавно здравје во емисијата Студио 4, пренесуваат хрватските медиуми.
„Откриено е пред неколку дена во Сплит-Далмација, но ова се индивидуални случаи и нема причина за паника“, рече таа, додавајќи дека грижата треба да продолжи.
Индискиот вид на коронавирус дава слични симптоми на другите видови на вирусот: треска, губење на чувство за мирис и вкус, кашлица, релјефен јазик (познат и како јазик на ковид), белузлави промени на ноктевата плоча (исто така познат како ковид- нокти), замор, главоболка
Пред една недела оваа варијанта на ковид беше потврдена и во Унгарија. Два случаи беа потврдени во оваа земја на 28 мај.