Малиот Жељко денес го слави првиот роденден: Цеца и Вељко први му честитаа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
489 прегледи

Жељко Ражнатовиќ, синот на Вељко и Богдана, денес го слави својот прв роденден, а првите честитки му ги упатија Цеца и Вељко.

По тој повод, во куќата на Ражнатовиќ владее одлична атмосфера, а Вељко и Цеца се огласија на Инстаграм да му го честитаат роденденот на малиот Жељко.

„Среќен роденден тигру“, напиша Вељко, додека Цеца напиша „Среќен роденден љубов моја“ и објави нивна заедничка фотографија.

Да потсетиме, како што пишуваа медиумите претходните денови, Цеца во договор со Вељко и Богдана одбрала ресторан за да го прослави роденденот на Жељко, а се советувала и за украсите. Прославата ќе биде со детска тематика – со многу балони и други ситници со мотиви на цртани ликови, а ќе доминираат сината и белата боја. Сепак, тие мораа да го намалат бројот на гости поради моменталната епидемиолошка состојба, но ќе присуствуваат нивните најблиски, пренесува „Курир.рс“.

Слични содржини