Лилард ја доби наградата – „соиграч на годината“

од Nikola Popovski
244 прегледи

Кошаркарите во НБА-лигата гласаа кој бил најдобар соиграч оваа година и наградата ја доби Дејм Лилард од Портланд Трејлблејзерс.

Тој е играчот кој најмногу го ценат колегите во НБА-лигата.

Како што јавува „Атлетик“, Лилард ја добил „Twyman-Stokes Teammate of the Year Award“ за 2021 година.

Наградата се доделува на соиграч кој бил несебичен на теренот и надвор од него, кој бил верен на својот тим и покажал дека е вистински лидер.

Лилард го сруши и рекордот на Клеј Томпсон со 12 тројки на еден натпревар во плејофот.

Слични содржини