Зголемена продажбата на нови возила во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Бројот на регистрации на нови автомобили во Велика Британија се зголеми за 670 проценти во мај во однос на истиот месец минатата година, кога беа затворени салоните поради мерките за заклучување, покажаа прелиминарните податоци објавени во петокот.

Трговците ги отворија вратите за клиентите во Англија на 12 април годинава. Во текот на мај 2020 година, салоните за возила беа затворени поради пандемијата.

Според британското здружение на производители и дилери на мотори (СММТ), минатиот месец на граѓаните им биле продадени околу 156.000 автомобили, а продажбата на компаниите помогнала за понатамошно подобрување на перформансите.

Вкупниот број продадени возила во мај 2019 година изнесувал 183.724. парчиња.

Слични содржини