Леброн нема да патува во Токио: Ќе играм за тим од „Спејс џем“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
300 прегледи

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека ќе игра за тимот „Луни Тунс“ на лето, наместо за американскиот тим на Олимписките игри.

Леброн ќе има повеќе време за одмор пред игрите во Токио, бидејќи Лејкерс беа елиминирани во првото коло од плејофот од Феникс Санс во шест натпревари.

Неговото играње во Токио не е извесно, но тој на шега навести дека би сакал да игра на турнирот каде што Американците го бранат своето злато од Рио.

„Нема да играм на Олимпијада, ќе играм за „Tune Squad“. Мојот фокус е да го победиме „Goonsquad“. Немав многу среќа со Феникс, па се вртам кон натпреварите на филмот кон средината на јули. Ќе се одморам малку за да ми се опорави зглобот, па се надевам дека сите ќе се видиме таму“, рече Џејмс по натпреварот со Феникс.

„Tune Squad“ е тим од цртани ликови од филмот „Спејс Џем“. Станува збор за вториот дел од филмот во кој Мајкл Џордан ја играше главната улога во 90-тите години на минатиот век, а сега тоа е Џејмс.

Слични содржини