Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцина против Ковид-19 на соседните земји Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, а испораката ќе започне денес, соопштиле од тамошното Министерство за здравство.
Министерството за здравство потврдило за N1 дека испораката на донации за вакцини во соседните земји ќе започне во петок. Соопштението го пренесуваме во целост:
„На 6 мај, Владата на Република Хрватска донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош во БиХ, Црна Гора и Република Косово со донирање вакцина против ковид-19.
Донацијата содржи вкупно 50 000 дози вакцинi против Ковид-19, од кои 30 000 дози се наменети за БиХ преку Министерството за цивилни работи на БиХ.
Финансиските ресурси се дадени во Државниот буџет на Република Хрватска за 2021 година и проекциите за 2022 и 2021 година“, велат од таму.